Што треба повеќе да загрижува: Бројките на Винисиус или неговото однесување?

385

Случајот „Винисиус Жуниор“ изгледа навистина постои. Бразилецот беше под своето ниво на дербито со Атлетико, а верувале или не, сега мина три месеци без гол во Ла Лига.

Откако постигна хет-трик во победата од 4-0 над Осасуна на 9 ноември, Винисиус чекаше првенствен гол. Точно е дека во тој период се повреди, а потоа беше суспендиран на два меча, но беше неефикасен на последните пет првенствени натпревари. Последната асистенција ја забележа и во ноември (24.11) во победата над Леганес.

Навивачите се загрижени, јавноста во Мадрид исто така, а згора на се, се погласни се шпекулациите дека Арапите прават се за да го убедат да дојде и да стане најбогатиот спортист на светот.

Исто така, Винисиус е мета на навивачите на сите клубови во Шпанија, поради неговиот неспортски дух навистина предизвикува бројни реакции и се чини дека тоа сега влијае на неговите игри.

Навивачите се донекаде задоволни што тој е расположен и мотивиран во Лигата на шампионите во која на шест натпревари кои ги одигра во групната фаза постигна седум гола. Сега следен е Манчестер Сити и Винисиус има шанса да блесне и да ја врати довербата на навивачите, но и на своите играчи.

Не треба да се заборави дека камерите ги фатија Модриќ и Винисиус во расправија на мечот од Кралскиот куп против Леганес, што исто така одекна во јавноста, а Бразилецот овде беше етикетиран како негативец.

Сепак, не треба да заборавиме дека Винисиус оваа сезона има учинок од 16 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, што секако не е малку на хартија.

Но, јасно е дека тој не прави толку голема разлика на теренот како во претходните сезони.

ПретходноФинале во двојки и сингл полуфинале за Амар Хусеиновиќ во Кенија
СледноМинистерот Муцунски гостин на ФК Престон Лајонс во Австралија