Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс секако дека ќе биде уште поголема ѕвезда во НБА отколку што беше во Далас. Сепак ќе остане голема дамка во неговата кариера тоа што Далас му го направи. Едноставно тоа беше предавство, а сега уште и го понижуваат.
Како поинаку може да се сфати објансувањето на сопственикот на Мавси, Патрик Думонт за трејдот со кој Дончиќ беше пратен во ЛА а за возврат во Далас дојде Ентони Дејвис:
„Тимовите победуваат ако сите играчи се фокусирани и ако сите тие имаат карактер. Ако носат вистинска култура, ако се посветени кон што понапорна работа како би се создал шампионски исход. Ако тоа не го правите, тогаш ќе губите. Ако ги погледнете великаните на овој спорт, Џордан, Бирд, Коби, Шек…сите тие напорно работеа секојдневно, со единствен фокус само на победит.е Ако тоа го немате, тогаш работите не функционираат. Ако тоа не го работите тогаш не би требало да сте член на Далас“ кажа првиот човек на Далас за тоа зошто Дончиќ е трејдуван.
Секако дека сега Словенецот ќе има што да каже на ова.