На два дена пред мечот со Милан, го отпуштија тренерот

499

Холандскиот шампион Феенорд реши да го смени тренерот на само два дена пред натпреварот со Милан во плеј-оф рундата во Лигата на шампионите.

Составот од Ротердам објави дека со заеднички договор се разделуваат со Брајан Приске, кој беше назначен на клупата минатото лето, по заминувањето на Арне слот во Ливерпул. Причините наведени за крајот на соработката беа „слаби резултати и недостаток на тимска работа“.

Во среда екипата на Феенорд ќе му гостува на Милан во Лигата на шампионите, па останува прашањето како на тимот ќе влијае оваа тренерска смена пред токму важен двомеч.

ПретходноТреј Јанг ќе биде замена за Јанис на Ол-Стар натпреварот
СледноВиноградац е нов центарфор на Воска Спорт