Треј Јанг ќе биде замена за Јанис на Ол-Стар натпреварот

100

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер денеска и официјално соопшти кој ќе го замени Јанис Адетокумбо на Ол-Стар натпреварот. Вчера грчкиот кошаркар и официјално отпадна од можноста да настапи на Ол-Стар викендот во Сан Франциско, поради повреда.

Според потврдените информации, неговото место на Ол-Стар мечот ќе го заземе ѕвездата на Атланта, Треј Јанг.

Адетокумбо беше избран од Чарлс Баркли во неговиот тим. Во списокот беа и Никола Јокиќ, Шеи Гилгџес-Александер, Виктор Вембањама, Паскал Сиакам, Алперен Шенгун, Донован Мичел и Карл-Ентони Таунс.

ПретходноСаудиска Арабија на Анчелоти му нуди богатство за да ја преземе нивната репрезентација
СледноНа два дена пред мечот со Милан, го отпуштија тренерот