Алкалоид АД и Битола со благодарници за македонските репрезентативци

150

По завршувањето на Светското првенство и натаму пристигнуваат честитки до македонската репрезентација за прикажанато на овој шампионат. Дел отидоа чекор понапред во оддавање на почит за оствареното и освоеното 15-то место на Мундијалот.

Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет беа пречекани од Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов. На средбата г. Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати на Првенството. Тој ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот. По тој повод тој им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.

Репрезентативците на Македонија од Пелистер, пак, беа на прием во Општина Битола Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра и им додели плакети.

ПретходноБраќата Ѓоргиеви за првпат заедно во странство, со Туршад до опстанок во турската елита
СледноСаудиска Арабија на Анчелоти му нуди богатство за да ја преземе нивната репрезентација