Браќата Ѓоргиеви за првпат заедно во странство, со Туршад до опстанок во турската елита

140

Македонските одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев, оваа година за првпат добија шанса да играат во ист клуб, надвор од нашите граници. Ѓорѓи, кој неколку месеци беше во преговори со неколку клубови, во првите денови од 2025 година се пресели во Турција и тоа во истиот клуб каде од почетокот на сезоната се наоѓа и неговиот брат Никола, инаку капитен на македонската одбојкарска репрезентација.

Деновиве Ѓорѓи полека го добива своето место во составот на Туршад, тим кој сезонава ќе биде пред сериозен предизвик да го обезбеди прволигашкиотс татус во турската одбојкарска елита.

„После 14 години играње заедно во репрезентацијата на Македонија, за прв пат играме заедно и во исти клуб надвор од Македонија. Одличен момент и историја за нашата фамилија, се надевам дека ќе останеме здрави и ќе имаме успешен крај на сезоната“, порача капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓоргиев.
Инаку Туршад моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата со 13 бода, 6 повеќе од „фенерџијата“ Акус. Никола Ѓоргиев е носител на играта на тимот, а Ѓорѓи ја полека добива се повеќе сетови на техничарската позиција.
ПретходноЖоао Феликс: Сакам да останам во Милан и понатаму
СледноАлкалоид АД и Битола со благодарници за македонските репрезентативци