Македонскиот прволигаш Воска Спорт успеа да договори уште едно засилување во очекување на стартот на вториот дел од фудбалската сезона. Според последните информации од клубот, ново засилување во нападот на охриѓани ќе биде Хрватот Тони Виноградац.
Станува збор за 24-годишен центарфор кој во првиот дел од оваа сезона настапуваше во словенечката Втора лига во екипата на Триглав. За Виноградац ова ќе биде второ интернационално искуство, откако претходно настапувал за повеќе хрватски состави.
Воска Спорт успеа да ги подмири долговите и забраната за трансфери од ФИФА е веќе тргната, така што Виноградац ќе може да биде веднаш регистриран во тимот.