Дон Флорентино има план: Модриќ во Реал до јуни 2026, Анчелоти по крајот на сезонава е слободен!

1016

Иако Реал Мадрид е во игра за трите титули во текот на сезонава, сепак уште сега раководството на клубот, поточно Флорентино Перез има план за наредната сезона.

А во него стои дека Лука Модриќ, капитенот кој стана клупска легенда на “кралевите“ ќе добие понуда за продолжување на договоро за уште една година. Тоа значи дека Хрватот на “Сантијаго Бернабеу“ ќе биде до јуни 2026 година, за да потоа се пензионира како играч на Реал, но претходно ќе игра за Хрватска на СП 2026. Се разбира ако Хрватите се пласираат на Мундијалот.

Колку и да сака да говори Карло Анчелоти дека нема намера да си оди од Реал Мадрид, сепак во јуни ќе мора да го стори тоа. Дон Флорентино ќе му се заблагодари на Италијанецот без разлика како ќе заврши оваа сезона за “кралевите“. Тоа му било кажано на Анчелоти и му било кажано дека на негово место во јуни и дефинитивно доаѓа Чаби Алонсо, еден од најпосакуваните тренери во светот кој минатата сезона со Леверкузан пракртично правеше чуда со Леверкузен.

ПретходноНовак и Мареј ја продолжуваат соработката!
СледноСКИЈАЧОТ МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА, ЌЕ СЕ БОРИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА СП ВО СКИЈАЊЕ ВО АВСТРИЈА