Фудбалерите на Интер ја совладаа екипата на Фиорентина со 2:1 на вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Интер влезе во натпреварот како апсолутен фаворит и ја оправда таа улога.
Првиот гол на мечот падна во 28-та минута кога дефанзивецот на Фиорентина Понграчиќ си постигна автогол. Гостите го изедначија резултатот во 44-тата минута преку Мандрагора кој ја затресе мрежата од пенал. Во вториот дел Арнаутовиќ го постави конечниот резултат во 52-та минута.
Со овој триумф Интер му се доближи на првопласираниот Наполи и сега е на само еден бод од лидерот, додека пак Фиорентина се наоша на 6. место со 42 бода.