Неста повторно е тренер на Монца

43

Само 49 дена откако го отпушти, тимот на Монца повторно го назначи Алесандро Неста за тренер. Последнопласираниот тим во Серија А, има огромен проблем сезонава да обезбеди опстанок што според последните случувања е се подалеку. По последниот пораз од Лацио викендов од 5:1, управата го смени Салваторе Бокети, кој загуби шест од седумте мечеви на кој беше тренер.

Токму Бокети беше оној кој што на 23 декември го наследи Неста на тренерското место, а овие двајца сега повторно прават рокада.

Првиот човек на Монца, Галиани очигледно дека најмногу му верува на неговиот некогашен пулен од Милан, и смета дека тој е единствениот кој може клубот да го извлече од бездната.

 

ПретходноАрне Слот по сензационалната елиминација во ФА Купот: Ливерпул немаше свој ден!
СледноДобри вести за Барселона и Араухо