Саудиска Арабија на Анчелоти му нуди богатство за да ја преземе нивната репрезентација

258

Карло Анчелоти влезе на радарот на богатите шеици од Саудиска Арабија. Според шпански извори, првите луѓе на фудбалот во блискоисточната земја сакаат да го видат италијанскиот стратег на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија за време на Светското првенство во 2034 година, ко ќе се одржи токму во нивната земја.

Саудијците подготвуваат понуда за тренерот на Реал Мадрид вредна 20 милиони евра годишно. Во Шпанија Анчелоти заработува околу 11 милиони. За саудискиот план знае опкружувањето на италијанскиот специјалист. Самиот тренер веќе јасно стави до знаење дека во никој случај нема да го напушти Реал Мадрид по своја волја.

ПретходноАлкалоид АД и Битола со благодарници за македонските репрезентативци
СледноТреј Јанг ќе биде замена за Јанис на Ол-Стар натпреварот