Се мајтапат со Тотенхем: Ние продадовме 78 милиони пици откако вие го освоивте последниот трофеј!

223

Тотенхем и оваа сезона ќе ја заврши без трофеј. Познато е дека нема никакви шанси во Премиерлигата, исто нема никакви шанси во Лига Купот а викендов беше елиминиран од Астон Вила во 1/16 финалето во ФА Купот.

Токму затоа цела фудбалска јавност на Островот, само не и фановите на овој клуб му фаќаат сеир на клубот од Лондон.

Познатата пицерија “Доминос“ отиде уште подалеку. Имено оваа пицерија на своите социјални мрежи имаше специфична објаа, се разбира адресирана до Тотенхем:

Откако вие го освоивте последниот трофеј ние продадовме 78.427.391 пици“.

Инаку “спарси“ последен пат му се радувале на трофеј во далечната 2008 година кога славеа во Лига Купот или Карабао Купот.

ПретходноРистовски: Сакам во дресот на Звезда да постигнам успеси како Панчев и Најдоски (ВИДЕО)
СледноАрне Слот по сензационалната елиминација во ФА Купот: Ливерпул немаше свој ден!