ФА Куп: Го елиминираа Ливерпул, сега пред нив е Манчестер Сити

157

Екипата на Плимут која вчера направи сензација со елиминацијата на Ливерпул во 1/16-финалето на ФА Купот, ќе има уште една ѕвездана пречка во осминафиналната фаза. Ждрепката сакаше противник на „фенерџијата“ во Чемпионшип сега да биде актуелниот англиски првак – Манчестер Сити.

Во останатите двојки настапуваат бројни премиерлигашки тимови, а особено интересни се дуелите меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам и Њукасл и Брајтон, додека Борнмут е домаќин на Вулверхемптон.

Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат од 1 до 4 март:

Престон – Барнли

Астон Вила – Кардиф

Донкастер/Кристал Палас – Милвол

Манчестер Јунајтед – Фулам

Њукасл – Брајтон

Борнмут – Вулверхемптон

Манчестер Сити – Плимут

Ексетер/Нотингем Форест – Ипсвич

ПретходноЈанта Волеј доведе сериозно засилување: Врцељ е нов техничар на лидерот
СледноШпанската федерација има нов претседател и воведе правило „анти-Пике“