Ѓорѓев е во животна форма

636

Некогашниот македонски младински репрезентативец Никола Ѓорѓев во моментов е во животна форма. Го води својот тим Арау кон промоција во најдобрата лига на Швајцарија. И тоа на најдобар моженн начин кога станува збор за еден напаѓач.

Момчето кое што своевремено ние го преземавме од репрезентацијата на Швајцарија, и кое што за нас одигра и на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска, во моментов има 27. години. Во зрели играчи години кои на Ѓорѓев му донесоа очигледно потребната форма и капацитет да биде играч број еден на Арау во моментов.

Ѓорѓев на последните три меча има забележано три гола и две асистенции. Вкупно сезонава во шампионатот има шест гола и исто толку асистенции.

Арау во моментов е втор, со амбиција дури и да го преземе лидерското место од тимот на Тун, а доколку Ѓорѓев продолжи на овој начин тоа секако дека е остварливо.

 

ПретходноСКИЈАЧОТ МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА, ЌЕ СЕ БОРИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА СП ВО СКИЈАЊЕ ВО АВСТРИЈА
СледноРистовски: Сакам во дресот на Звезда да постигнам успеси како Панчев и Најдоски (ВИДЕО)