Виноградац е нов центарфор на Воска Спорт

931

Македонскиот прволигаш Воска Спорт успеа да договори уште едно засилување во очекување на стартот на вториот дел од фудбалската сезона. Според последните информации од клубот, ново засилување во нападот на охриѓани ќе биде Хрватот Тони Виноградац.

Станува збор за 24-годишен центарфор кој во првиот дел од оваа сезона настапуваше во словенечката Втора лига во екипата на Триглав. За Виноградац ова ќе биде второ интернационално искуство, откако претходно настапувал за повеќе хрватски состави.

Воска Спорт успеа да ги подмири долговите и забраната за трансфери од ФИФА е веќе тргната, така што Виноградац ќе може да биде веднаш регистриран во тимот.

ПретходноНа два дена пред мечот со Милан, го отпуштија тренерот
СледноЈанта Волеј доведе сериозно засилување: Врцељ е нов техничар на лидерот