Бабоукар Гаје е новиот голман на тимот на Воска. Откако охриѓани зимава ги платија долговите и добија дозвола за трансфери односно регистрација на играчи, управата веднаш се ангажираше да доведе што е можно поквалитетни играчи.
Па така, од денеска нов голман на Воска е ни помалку ни повеќе туку репрезентативниот голман на Гамбија, Бабоукар Гаје, кој што има и пасош на Германија.
Неговите почетоци како чувар на мрежата се во тимот на Билефелд, за да потоа премине и во Арминија. Следува трансфер во Штутгарт, па во Кобленц, а негов последен клуб е тимот на Локомотив Софија.
Тој во моментов има 26. години, а за репрезентацијата на Гамбија има дебитирано во 2020 година и забележа досега 17 настапи.