Гвардиола: Овој тим е посебен и сакам тоа да го покаже утре против Реал

201
MANCHESTER, ENGLAND - MAY 06: Manchester City's Pep Guardiola gives a post match speech ahead of Manchester City's trip Madrid following the Premier League Clash between Manchester City and Leeds United on May 06, 2023 in Manchester, England. (Photo by Manchester City/Manchester City FC via Getty Images)

Утре со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Екипата на Манчестер Сити го пречекува Реал Мадрид по четврти пат последователно.

На денешната официјална прес конференција, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим е подготвен за предизвикот и дека посакува да го покаже сиот свој потенцијал и квалитет утре.

„Секогаш е тешко против Реал Мадрид. Не се снајдовме доволно добро во групната фаза, па заслужуваме да бидеме тука. Ждрепката е ждрепка и мора да го прифатиме предизвикот. Од истата причина и на вториот меч ќе гостуваме. Не заслуживме да бидеме директно во 1/8 финалето. Сепак, има нешто посебно во нашиот тим и се надевам дека ќе го докажеме тоа утре. Да, во последните години ривалството меѓу двата клуба е едно од најголемите, бидејќи не е нормално постојано да се игра против ист противник. Но, од перспектива на историјата на Лигата на шампионите, мора да бидеме искрени и да признаеме дека не можеме да се споредуваме со тимови како Реал, Баерн, Барселона или Милан. Блиски сме во последната деценија, играме со нив последните неколку години. Дали ние овој пат сме аутсајдери? Не знам. Мислам дека двата тима имаат проблеми оваа сезона од перспектива на повреди. Мислам дека Реал се снајде подобро од нас со оглед на тоа дека се уште е на врвот во Ла Лига и се бори со Атлетико. Ова ја покажува нивната истрајност. Многупати сме се сретнале со нив и знаеме како во тешките моменти го даваат својот максимум. Секако, треба да имаме два добри натпревари за да одиме напред. Знам на што сме способни и се надевам дека ќе се претставиме добро. Ако победиме, тоа би можело да ни даде голем поттик за остатокот од сезоната“ – изјави Гвардиола.

 

ПретходноМота: Знаеме што треба да направиме за да го победиме ПСВ
СледноЖоао Феликс: Сакам да останам во Милан и понатаму