Факт е дека Лука Дончиќ беше сосема коректно примен во неговиот нов клуб ЛА Лејкерс. Многу врева се дигна околу Словенецот за трејдот што беше направен меѓу Лејкерси и Мавси, но јасно е дека за неговиот статус ќе решава и Леброн Џејмс.
Првата ѕвезда на Лејкерси и еден од најдобрите кошаркари во историјата имаше интересна објава на социјалните мрежи, која за волја на вистината брзо беше отстранета.
Имено Леброн ја повтори старата турска поговорка, која оди вака…
„Кога кловнот влегува во палата, тој не станува крал, туку палатата станува циркус“.
Интересно.
Посебно ако се знае дека многумина на оваа објава на Леброн сметаат дека тој мислел токму на Лука Дончиќ.