Роналд Араухо не е потешко повреден. Синоќа тој излезе пред време на дуелот со Севиља кој Барселона го доби со 1:4, и иако првично се стравуваше од нешто посериозно сепак, тоа не е случај.
Араухо беше подложен на медицински тестови денеска, а истите покажаа дека има истегнување на лигаментите на скочниот зглоб.
Лекарскиот тим на Каталонците ќе ја следи неговата состојба во наредните денови, но можно е да му биде на располагање на Ханси Флик за следниот првенствен натпревар против Рајо Ваљекано.
Араухо пропушти голем дел од тековната кампања поради повреда здобиена за време на Копа Америка.