Жоао Феликс: Сакам да останам во Милан и понатаму

122

Некогаш веројатно талентот број еден на светот, Жоао Феликс никогаш до крај не ги исполни очекувањата за него. Дали причина за тоа беше трансферот во Атлетико Мадрид и фудбалот кој што не му одговараше ќе мора да каже самиот тој, а во меѓувреме тој се обидува да остави што е можно подобар впечаток во дресот на Милан.

Тој во Милано е на позајмица, а според зборовите на самиот напаѓач, тој таму се чувствува одлично и не сака на лето да си замине кога позајмицата ќе заврши.

„Точно е дека тума сум само на позајмица, но доколку истата може да се продолжи јас ќе се согласам на тоа со задоволство. Ова е еден од најдобрите европски клубови, во кој ќе направам се за да оставам што е можно подобар впечаток. Кака е мојот идол од детството. Интер исто така имаше желба да ме доведе но тоа беше невозможно. Јас бев решен да дојдам во Милан“ – рече Феликс.

 

ПретходноГвардиола: Овој тим е посебен и сакам тоа да го покаже утре против Реал
СледноБраќата Ѓоргиеви за првпат заедно во странство, со Туршад до опстанок во турската елита