Холандскиот шампион Феенорд реши да го смени тренерот на само два дена пред натпреварот со Милан во плеј-оф рундата во Лигата на шампионите.
Составот од Ротердам објави дека со заеднички договор се разделуваат со Брајан Приске, кој беше назначен на клупата минатото лето, по заминувањето на Арне слот во Ливерпул. Причините наведени за крајот на соработката беа „слаби резултати и недостаток на тимска работа“.
Во среда екипата на Феенорд ќе му гостува на Милан во Лигата на шампионите, па останува прашањето како на тимот ќе влијае оваа тренерска смена пред токму важен двомеч.