Ристовски: Сакам во дресот на Звезда да постигнам успеси како Панчев и Најдоски (ВИДЕО)

1545

Вистинска македонска колонија во моментов се создава во школата на бекградска Црвена Звезда во моментов. Со години нашите фудбалери во Белград едноставно како да немаа пристап, а сега одеднаш неколкумина македонски младински репрезентативци се дел од Црвена Звезда.

Помеѓу оние кои што во моментов најмногу се истакнува е левиот бек Горазд Ристовски кој што во есенскиот дел од сезоната беше најдобар асистент во својата генерација.
Импресивните изведби на македонскиот младински репрезентативец не остануваат незабележани, па клубот го награди со неколкуминутно интервју за официјалниот сајт.
Во него Ристовски се осврнува на своите фудбалски почетоци, на трансферот во Звезда, адаптацијата таму, како и неговите планови за во иднина.

„Секако дека сум почестен што сум дел од клуб како Звезда. Не ни сонував дека ете ќе ми се отвори ваква шанса да бидам дел од вака голем клуб. Немам некој посебен идол, но ете мора да се споменат Дарко Панчев и Илија Најдоски кои што со Црвена Звезда го имаат освоено купот на Шампионите во 1991 година. Ете, посакувам и мене да ми се случи нешто слично да освојам некој голем трофеј со клубот“ – изјави меѓудругото Ристовски. Погледнете го целото интервју во продолжение.

ПретходноЃорѓев е во животна форма
СледноСе мајтапат со Тотенхем: Ние продадовме 78 милиони пици откако вие го освоивте последниот трофеј!