Екипата на Плимут која вчера направи сензација со елиминацијата на Ливерпул во 1/16-финалето на ФА Купот, ќе има уште една ѕвездана пречка во осминафиналната фаза. Ждрепката сакаше противник на „фенерџијата“ во Чемпионшип сега да биде актуелниот англиски првак – Манчестер Сити.
Во останатите двојки настапуваат бројни премиерлигашки тимови, а особено интересни се дуелите меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам и Њукасл и Брајтон, додека Борнмут е домаќин на Вулверхемптон.
Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат од 1 до 4 март:
Престон – Барнли
Астон Вила – Кардиф
Донкастер/Кристал Палас – Милвол
Манчестер Јунајтед – Фулам
Њукасл – Брајтон
Борнмут – Вулверхемптон
Манчестер Сити – Плимут
Ексетер/Нотингем Форест – Ипсвич