Засега нема трансфер на македонскиот репрезентативец Никола Серафимов во ОАЕ, во тимот на Ал Џезеира. Ова утринава го пренесуваат медиумите во Унгарија кои се повикуваат на инсајдерски информации од клубот.
Имено преговорите меѓу двете страни траат веќе неколку дена, но официјалната понуда на богатиот клуб од ОАЕ била одбена од страна на Унгарците кои се надедеваат дека ќе има нова и дека таа ќе биде поголема.
Ако Ал Џезеира навистина го сака Македонецот во своите редови, јасно е дека ќе испрати нова и поголема понуда и тоа уште денеска или најдоцна во текот на утрешниот ден, ако се знае дека преодниот рок во ОАЕ завршува утре.
Важно е дека преговорите се во тек, па така лесно може да се случи Серафимов кој во послените месеци игра во фантастична форма, да направи трансфер.