Лидерот во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција, Јанта Волеј, вечерва се пофали со ново засилување во пресрет на вториот дел од првенството. Скопскиот состав се засили на техничарската позиција со Тијана Врцељ, одбојкарка која доаѓа од Србија.
22-годишната белграѓанка во Скопје доаѓа од Азербејџан каде во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Муров Аз Терминал. Таа претходно ги носеше дресовите на најдобрите состави во српскиот шампионат, како Црвена Звезда, Партизан, Визура и Јединство Уб. Во своето искуство има настап и во Лигата на шампионите.
Јанта Волеј со ова ново име сериозно ја истакнува кандидатурата за шампионска титула.