Реал Мадрид во фантастичен меч на “Итихад“ со 2:3 како гостин славеше кај Манчестер Сити во првиот натревар од плеј – офот во ЛШ. “Кралевите“ уште еднаш покажаа дека знаат да одиграат најдобро кога најмногу е потребно.
По мечот стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти истакна:
“Мирен сум и среќен. Добро одигравме на оваа прва средба од двомечот. Мислам дека ја заслуживме победата. Сега имаме предност во пресрет на реваншот. Мислам дека можевме да победиме и поубедливо. Имавме повеќе шанси, сепак во реваншот мораме да одиграме уште подобро“ рече покрај другото Дон Карло.
Инаку излезе видео со реакцијата на Пеп Гвардиола на третиот гол на Реал Мадрид.
Фудбалскиот свет со право се прашува што се случува со Пеп?
Погледнете…
A MAMAR PEP GUARDIOLA! pic.twitter.com/0BSa0aYk7q
— MT2 (@madrid_total2) February 11, 2025