Евролигата со 20 екипи и поделена на две дивизии?!

155

Како што попладнево и вечерва пренесуваат медиумите кои и тоа како се релевантни за информациите поврзани со Евролигата, се чини дека најквалитетната кошаркарска лига ќе доживее многу промени.

Имено по најавите дека НБА има намера да “влезе“ во Европа, раководството на Евролигата имало повеќе состаноци на кои се разгледувале повеќе предлози.

Еден од нив е истата да се прошири на 20 екипи, а тие да се поделат во две дивизии, само не се знае дали тие ќе бидат поделени географски или по некој друг критериум.

Ново е тоа што екипите би играле по 28 меча во регуларниот дел.

Од нив 18 секоја екипа по принципот дома – гости ќе игра со секоја екипа од својата дивизија и уште 10 (5+5) со екипите од другата дивизија.

Секако дека останува да се види како ќе се одвиваат работите во следниот период и кога овој нов формат би стапил на сцена.

ПретходноЛШ полувреме: Халанд со прв гол против Реал за еуфорија на “Итихад“!(ВИДЕО)
Следно“Овој Јунајтед на Аморим следната сезона може да испадне од Премиерлигата!“