Леброн Џејмс пред целиот тим побара едно нешто од Дончиќ (ВИДЕО)

1639
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Се случи моментот кој сите љубители на кошарката, поточно НБА-лигата го чекаа. Лука Дончиќ дебитираше во дресот на ЛА Лејкерс, кој славеше против Јута со 132-113.

И уште пред да започне натпреварот, Леброн Џејмс му се обрати лично на 25-годишниот Словенец на последниот тимски разговор.

Џејмс му порача на Дончиќ да игра своја игра и да не се грижи дали ќе се вклопи во Лејкерси, што на крајот беше експлицитна порака од четирикратниот шампион во НБА.

Зборовите на идната ѕвезда на „Куќата на славните“ очигледно му беа од корист на Дончиќ, кој мечот го заврши со 14 поени, пет скока и четири асистенции за само 24 минути игра.

Можеби неговиот настап не беше толку добар како и обично, со 5/14 удари од поле и само еден шут од далечина, но тоа не е премногу загрижувачко со оглед на долгата пауза.

На крајот на краиштата, Дончиќ само пред една недела почна да учествува на тимски тренинзи и сигурно ќе биде уште подобар како што одминува сезоната.

Словенецот ќе има уште една можност да игра со Лејкерси во среда кога франшизата од Лос Анџелес повторно ќе се соочи со Џез.

ПретходноДончиќ се изнапромаши во дебито за Лејкерс, Јокиќ му го украде шоуто на Словенецот (ВИДЕО)
СледноНовицки од лице место го гледаше дебито на Дончиќ во „ЛА Ленд“ (ФОТО)