ЛШ: На “Итихад“ Реал покажа кој е КРАЛОТ! И Јуве и Дортмунд со победи! (ВИДЕО)

352

Каков спектакл на “Итихад“ во првиот меч од плеј – офот во Лигата на Шампионите? А и се очекуваше ако се знае дека меѓусебе силите ги одмерија Манчестер Сити и Реал Мадрид, последните освојувачи на ЛШ.

Вечерва мечот заврши со резултат 2:3. Двата гола за Сити беа дело на фантастичниот Ерлинг Халанд. Прво во 19.минута, а потоа во 80.минута од пенал. На 1:1 израмни Килијан Мбапе со гол во 60.минута. Брахим Диаз повторно му донесе израмнување на Реал во 86.минута. За да во 90+2.минута Белингем стрелаше за 2:3 за победа на Сити.

Треба да се каже дека со овие два гола сега Норвежанецот има 49 голови на 48 меча во ЛШ, и ова се првите два негови голови во мрежата на Реал во неговата кариера.

Меч со многу шанси, посебно “кралевите“ треба да жалат што се промашија, сепак и Халанд во 46.минута ја погоди стативата на Реал.

Фантастичен фудбал, динамичен фудбал, невиден спектакл. И на крај победа на Реал Мадрид.

Едвај чекаме на реваншот кој се игра за осум дена на “Сантијаго Бернабеу“.

На останатите два меча Јувентус дома со ПСВ победи со 2:1 и тоа со головите на МекКена и Мбангула, додека за гостите стрелаше Перишиќ.

Дортмунд како гостин славеше кај Спортинг со 0:3 и тоа со головите на Гираси, Грос и Адејеми.

Претходно“Овој Јунајтед на Аморим следната сезона може да испадне од Премиерлигата!“
СледноКаква одмазда: Винисиус е играч на мечот! Се јави и Лука Дончиќ! (ФОТО)