Славниот Колина со предлог за револуционерна промена при изведување на пеналите!

572

Во свое време беше најдобриот фудбалски судија во светот. Сите важни натпревари во Италија и во Европа и на СП, не можеа да минат без него. Специфичен по својот изглед, веројатно еден од најдобрите делители на правдата откако постои фудбалот.

Јасно е дека станба збор за Пјерлуиџи Колина. Тој сега е ангажиран како шеф на судиската комисија на ФИФА, а има свој предлог во врска со изведувањето на пеналите.

Секако дека ова е револуционерен предлог. Колина смета дека не треба да се важат головите постигнати откако голманот ќе го одбрани ударот од белата точка за да потоа таа одбиена топка дојде до истиот играч или соиграч на тој што го изведува пеналот.

Италијанецот смета дека треба да има само еден удар, исто како што се изведуваат пеналите во пенал – сериите. Со тоа се ставаат голманите во порамнопрабна состојба во однос на тие играчи кои ги изведуваат казнетите удари.

Се чини интересно.

ПретходноСензационално: Во иднина финалињата во Лигата на Шампионите би можеле да се играат во САД?!
СледноЛШ: ПСЖ е на чекор до 1/8 финалето – Дембеле и другарите покажаа сила на гости кај Брест! (ВИДЕО)