Иако во Италија, во Серија А веќе неколку години постои ВАР системот, сепак и таму се случуваат скандали и големи судиски превиди и грешки. Од ден на ден се зголемува нервозата и гневот кај клубовите, а последно нешто е што се налути и шефот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
Иако Милан успеа да слави кај Емполи на последниот меч со 0:2, сепак директорот на гигантот од Милано смета дека судиите го оштетиле неговиот клуб.
Најмногу тој е лут на црвениот картон на Томори, и смета дека судијата погрешил што не ја погледнал ТВ снимката. Ако се слулчило тоа тогаш таа негова првобитна одлука ќе била променета.
Токму затоа Златан има намера на напише писмо на посебна адреса, до Судиската организација на Италија од која ќе бара објаснување за она што се случи на тој меч, но и на останатите натпревари во Серија А.
Дали ова ќе биде знак и останатите клубови да почнат да се бунтуваат, останува да се види.