Артета сфати дека нема повеќе време: Ѕвезда на Ливерпул се сели на „Емирати“

528
Фото: ФЦ Арсенал

Арсенал оваа зима флертуваше со многу напаѓачи, а на крајот се обиде да ја доведе ѕвездата на Астон Вила, Оли Воткинс. Раководството на „топџиите“ испрати понуда, но истата беше одбиена и тоа беше крај на обидот на Артета да донесе нов напаѓач.

Со оглед на тоа што зимава не доведоа нов напаѓач, јасно е дека ова ќе биде главната цел на Микел Артета и Арсенал следното лето. Англичаните донесоа неверојатни вести за тоа кој ќе го води нападот на „топџиите’ од следната сезона.

Според англиските медиуми, Арсенал е во преговори со Ливерпул околу трансферот на Диого Јота кој се очекува следната сезона да игра на Емирати.

Јота би можел многу добро да ги реши проблемите на „топчиите“ кога е во прашање постигнувањето голови, но и кога е широчината во нападот. Јота се прослави во Вулверхемптон пред да биде купен од Ливерпул за речиси 60 милиони евра.

Португалецот има и одличен удар со глава и покрај тоа што е многу низок фудбалер.

Извесно е дека Јота нема да биде единственото засилување на Арсенал следното лето и дека ќе биде интересен преоден рок за сите фанови на овој тим.

ПретходноНовицки од лице место го гледаше дебито на Дончиќ во „ЛА Ленд“ (ФОТО)
СледноИнзаги: Во Фиорентина имаат право да бидат лути!