Македонскиот тренер, Владимир Мирковски ќе го предводи АБА2-лигашот, Војводина. Тој доаѓа на местото на Исаков Ковачевиќ, кој поради здравствени проблеми мораше да се повлече од тренерската работа.
Мирковски, кој го водеше тимот на Куманово од 2020 до 2023 година, а беше дел од Академијата на Македонија своето деби ќе го има против Партизан, предводен од Жељко Обрадовиќ во рамките на Купот на Србија.