Дончиќ својата ера во ЛА ја почна со песна од Ана Бекута (ВИДЕО)

178
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс откако пред неколку дена во бомбастичен трејд пристигна во тимот на Калифорнија од Далас Маверикс во замена за Ентони Дејвис. Лејкерси на домашен терен убедливо ја совладаа Јута Џез со 132:113.

Дончиќ не импресионираше во своето деби. Тој имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерси со 14 поени, пет скока и четири асистенции. Во пресрет на натпреварот во Крипто Арената, се испочитува и списокот на Дончиќ. А овој пат беше Ана Бекута „Имам еден живот“. Дончиќ ја имаше истата плејлиста во неговиот поранешен клуб Далас, главно составена од српски хитови.

ПретходноВладимир Мирковски е нов тренер на Војводина, ќе дебитира против Партизан
СледноПознати се термините во Купот на Македонија: МЗТ Скопје vs Работнички е последна 1/4 финална пресметка