Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс откако пред неколку дена пристигна во тимот на Калифорнија од Далас Маверикс во бомбастичен трејд во замена за Ентони Дејвис. Лејкерси на домашен терен убедливо ја совладаа Јута Џез со 132-113.
Лејкерси сега ја имаат шестата победа во низа и се на петтото место на Западот со скор од 31 победа и 19 порази.
Дончиќ и покрај убедливата победа не импресионираше во своето деби. Тој имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерси со 14 поени, пет скока и четири асистенции. Словенецот мина 24 минути на теренот и беше многу непрецизен. Тој имаше 36 отсто реализација од поле (5/14), а погоди само еден од седумте обиди за тројки. Дончиќ оваа сезона има просек од 28,1 поен, 7,8 асистенции и 8,3 скока, што е една од послабите сезони во неговата кариера.
LUKA DONCIC MAKES HIS FIRST SHOT AS A LAKER pic.twitter.com/pVQ4xR8ieT
— Lakers Empire (@LakersEmpire) February 11, 2025
За среќа на Лејкерси, Леброн Џејмс беше на исто ниво со 24 поени, седум скока и осум асистенции, Остин Ривс додаде 22. Најдобар индивидуален играч на Џез беше Џон Колинс со 17 поени и 11 скока.
Сепак, шоуто на Дончиќ синоќа му го „украде“ Никола Јокиќ, кој одигра уште една брутален меч. Против Портланд го заврши со 40 поени, седум скока и осум асистенции. Неговиот тим славеше со 146-117.
Сите зборуваат само за тројката што Јокиќ успеа да ја погоди и никој не верува што влезе во обрачот. Се чинеше дека Јокиќ нема решение, но направи чекор на страна и погоди тројка преку рака на противникот. Ова е секако еден од најлудите поени што Јокиќ успеал да ги погоди.
NIKOLA JOKIĆ YOU CANNOT BE SERIOUS 🤯🤯
HITS THE TRIPLE FROM THE DEEP CORNER FADING OUT OF BOUNDS 🎯🎯 pic.twitter.com/fSKyJIE35h
— NBA (@NBA) February 11, 2025
На останатите средби: Кливленд ја совлада Минесота со 128-1-7, Орландо на домапен терен беше поразен од Атланта со 106-112, Вашингтон немаше одговор за Сан Антонио (121-131), Бруклин го победи Шарлот на домашен терен со 97-89, Бостон славеше против Мајами со 85-103, Милвоки на домашен терен загуби од Голден Стејт со 111-125, Оклахома го совлада Њу Орлеанс со 137-101, Далас после продолжение беше поразен од Сакраменто со 128-129.