Се случи моментот кој сите љубители на кошарката, поточно НБА-лигата го чекаа. Лука Дончиќ дебитираше во дресот на ЛА Лејкерс, кој славеше против Јута со 132-113.
И уште пред да започне натпреварот, Леброн Џејмс му се обрати лично на 25-годишниот Словенец на последниот тимски разговор.
Џејмс му порача на Дончиќ да игра своја игра и да не се грижи дали ќе се вклопи во Лејкерси, што на крајот беше експлицитна порака од четирикратниот шампион во НБА.
“Luka, be your f—ing self. Don’t fit in, fit the f— out.”
-LeBron to Luka 🗣️ pic.twitter.com/qj8Tbk8M8R
— SportsCenter (@SportsCenter) February 11, 2025
Зборовите на идната ѕвезда на „Куќата на славните“ очигледно му беа од корист на Дончиќ, кој мечот го заврши со 14 поени, пет скока и четири асистенции за само 24 минути игра.
Можеби неговиот настап не беше толку добар како и обично, со 5/14 удари од поле и само еден шут од далечина, но тоа не е премногу загрижувачко со оглед на долгата пауза.
На крајот на краиштата, Дончиќ само пред една недела почна да учествува на тимски тренинзи и сигурно ќе биде уште подобар како што одминува сезоната.
Словенецот ќе има уште една можност да игра со Лејкерси во среда кога франшизата од Лос Анџелес повторно ќе се соочи со Џез.