ЛШ: Спектакл на „Етихад“ – Сити, Пеп и Халанд против Реал, Дон Карло и Мбапе!

101

Уф, каков спектакуларен двомеч уште во плеј – офот во Лигата на Шампионите. Дуел меѓу двата последни европски прваци, дуел на мега – гигантите. Сити, Пеп Гвардиола и Ерлинг Халанд против Реал Мадрид на Карло Анчелоти, Килијан Мбапе.

Овие клубови по петти пат ќе играат меѓусебе во последните шест сезони, но никогаш толку рано.

Манчестер Сити има сезона за заборав. Уште пред Нова година се прости од титулата во Премиерлигата. Сега шансите за нешто големо си ги бара во ЛШ. Реал Мадрид не е спектакуларен, но шансите за титула во Ла Лига и натаму се големи.Image

Ова се најголемите клубови во моментов во светот. Да, така е. Ако на клупите ги имаш Пеп и Дон Карло, а на теренот Халанд и Мбапе, тогаш спектаклот е загарантиран. Вечерва од 21 часот на „Етихад“ во Манчестер а следната недела на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Кој ќе биде подобар во оваа фаза ќе се најде во 1/8 финалето и ќе биде фаворит за освојување на “ушлето“ во Минхен каде се игра финалето на 31 мај.

Сите погледи на фудбалските фанови вечерва ќе бидат свртени кон „Етихад“. Сите ние сакаме нешто големо, нешто невидено.

Јасно е дека и Пеп и Дон Карло не му се радуваат премногу на овој двомеч. Пепќе мора против очајната форма и без Родри, а Дон Карло без својата комплетна одбрана.

Сепак, сепак, ништо не е важно друго кога играат Сити против Реал.

Се друго е споредно, а споредни се и останатите три вечерашни меча од оваа фаза.

Ова се двојките: Брест – ПСЖ се игра од 18:45 часот, а останатите мечеви од 21 часот.

Image

ПретходноБез Дамјан Стојановски: Јончевски одбра 16. кошаркари за Естонија и за Полска
СледноУнапредување на судиските стандарди и доделување на ФИФА амблеми