Ова Перез нема да му го прости: Винисиус на преговори со ПСЖ!

629

Зарем толку да се немало респект и почит кон својот клуб, кон најголемиот клуб во светот, кон Реал Мадрид па со “селски финти“ се обидуваш да направиш притисок за да добиеш поголем договор?

Се разбира дека станува збор за Винисиус Жуниор, кој како што е познато ја отфрлил првата понуда на Реал за продолжување на договорот кој му истекува во 2027.

Проблемот е сега што, а така велат релевантни новинари, деновиве Бразилецот, односно неговите менаџери почнале преговори со ПСЖ. Секако дека ова Флорентино Перез нема да му го прости, познато е мислењето на првиот човек на “кралевите“ за ПСЖ, па тоа тој ќе го сфати како големо предавство.

Инаку јасно е дека Вини нема да оди во Париз, ако не во Реал тој ќе оди во С. Арабија за 200 милиони евра годишно, но прашањето е што му треба ова со ПСЖ.

Нејасно и шокантно, навистина.

Или јасно му е само нему.

Инаку во последно време Вини не е веќе миленик во Реал, се чини дека ја прекардаши а се знае и зошто.

Ако една “Марка“ удри по него, тогаш се е јасно.

ПретходноТрајковиќ: Сигурен сум дека доаѓаат подобри денови за Пелистер
СледноБрера го потврди Драме! (ФОТО)