Паладино: Лут сум, топката беше 20 сантиметри надвор од теренот

309

Главна тема во италијанскиот фудбал денеска е мечот Интер – Фиорентина кој се играше синоќа. Главниот момент секако е нерегуларниот момент кога топката беше излезе надвор од теренот, но судиската тројка тоа не го занкционираше, а од таа ситуација произлезе гол.
Фиорентина загуби со 1:2, а тренерот на тимот Рафаеле Паладино е гневен поради тоа.

„Никогаш не зборувам за судиите и се трудам да не ги осудувам за нивните грешки, како што си ветив. Но овојпат сум навистина малку лут поради овој гол. И не сум толку лут на судијата, туку на системот ВАР и протоколот за негово спроведување. Имаме алатка за да им помогнеме на судиите да направат помалку грешки, но не можеме да го искористиме тоа за да елиминираме грешка од 0 cm дека ВАР не може да интервенира во таква ситуација, разбирам дека не е можно да се интервенира за се, но ова не е добро, бидејќи денес си одиме дома лути“, изјави Паладино.

 

ПретходноФлорентино лично реши да не прави никакви трансфери во јануари
СледноДончиќ после дебито: Бев нервозен, одамна ми се нема случено!