Пелистер се засили со Американец пред Купот! (ФОТО)

39

Американскиот кошаркар Џеремаја Гамбрел е најново засилување на КК Пелистер, откако „зелено-белите“ постигнаа договор за ангажман на овој квалитетен плејмејкер. Станува збор за кошаркар кој настапува на бековската позиција, важи за исклучителен поентер, подготвен да преземе одговорност во клучните моменти кога се решава победникот.

Овој 24-годишен Американец е роден во Хјустон, ланската сезона ја мина во тимот на Алкорн стејт брејвс, каде имаше просек од 13,2 поени и 1,1 украдени топки по натпревар.

May be an image of 2 people, people playing basketball and text

Сезонава му беше прва на Гамбрел во европската кошарка, почнувајќи ја авантурата на „стариот континент“ во првата лига на Србија, како член на Металац од Ваљево. Тој експресно се наметна како лидер на екипата, а најдобриот меч го одигра против Џокер (екипа со која сезонава Пелистер играше во АБА2 лигата), постигнувајќи 37 поени (8/13 за тројка).

Џеремаја Гамбрел денеска пристигна во Битола и му се стави на располагање на стручниот штаб, а се очекува своето деби за Пелистер да го има веќе в четврток, во четвртфиналето од Купот на Македонија против екипата на Чаир.

ПретходноБрера го потврди Драме! (ФОТО)
СледноСензационално: Во иднина финалињата во Лигата на Шампионите би можеле да се играат во САД?!