Сензационално: Во иднина финалињата во Лигата на Шампионите би можеле да се играат во САД?!

66

Како што медиумите на Островот пренесуваат, УЕФА е многу блиску до одлука финалните натпревари од Лигата на Шампионите да се пренесат во САД.

Звучи пред се сензационално, па и шокантно, ама за ова си има своја предисторија. Барем според медиумите во Англија.

Имено УЕФА наскоро би требало да го промени својот долгогодишен партнер околу ТВ правата и тоа во соработка со ЕКА.

Преговорите со “Relevent Sports“ се веќе започнати и веројатно оваа компанија од 2027 година ќе биде задолжена за ТВ правата на УЕФА. А газда на таа компанија е сопственик на НФЛ тимот “Мајами Делфинс“ и голем фан на фудбалот. Секако дека негова желба ќе биде најважниот меч во годината во клупскиот фудбал е да се игра во САД.

Сепак како што се пренесува, тоа би можело да се случи дури од 2033 година па натаму.

ПретходноПелистер се засили со Американец пред Купот! (ФОТО)
СледноСлавниот Колина со предлог за револуционерна промена при изведување на пеналите!