Фудбалскиот сојуз на Тунис, за нов селектор на А репрезентацијата го назначи Сами Трабелси. По смената на Фаузи Бензарти, Трабелси седнува на селекторската позиција со цел да се обезбеди успех на следното големо натпреварување.
Трабелси веќе беше селектор на Тунис од 2011 до 2013 година кога се повлече поради неуспехот да се пласира во четвртфиналето на Афричкиот Куп на Нации.
Самиот Трабелси изјави дека главна цел на неговиот мандат е пласманот на Мундијалот во 2026 година. Инаку самиот тој беше дел од Мундијалот во Франција 1998 година како играч секако.