Брера ги донесе Билбија и Клинтон како стоперски засилувања

408

Некогашниот У19 репрезентативец на Босна, Драган Билбија е нов член на екипата на Брера. Струмичани итаат да регистрираат што е можно повеќе засилувања пред крајот на преодниот рок зимава, а босанецот е новитет во одбрната.

Исто така на пролет Брера ќе биде посилна и за интернационалец од Гана кој што има пасош на Австрија.

Бангура Клинтон има искуство со играње во Австрија, но и во екипите на Мислами односно Алашкерт.

Со ова Брера прави и повеќе од респектабилна екипа со која што напролет ќе се обиде да обезбеди мирен прволигашки од.

 

ПретходноМанев и официјално во Ријека
СледноДрагарски ја засилува одбраната на Воска