Вирџил Ван Дајк исто како и неговите соиграчи Мо Салах и Трент Александер-Арнолд има договор со Ливерпул кој истекува на крајот на сезоната, а се уште нема ништо за продолжување на соработката.
Иако е фокусиран на актуелната сезона каде Ливерпул игра одлично и е на првото место во Премиер лигата, Ван Дајк може да преговара со клубови за преддоговор, но само со клубови кои не се од Европа.
Вирџил ван Дајк и понатаму важи за еден од најдобрите светски дефанзивци, а како што стојат работите кариерата на лето ќе ја продолжи далеку од „Енфилд“ како слободен играч.
Според шпанските новинари, Холанѓанецот има три големи понуди на маса за продолжување на кариерата и тоа од Баерн, Реал Мадрид и Јувентус. Овие три клуба наводно веруваат дека тој се уште може да игра на врвно ниво иако утре ќе наполни 34 години.
Тројцата великани не се импресионирани само од неговите квалитети, туку и од тоа што можат да го доведат без никакво обештетување.
Очигледно Реал Мадрид е во најдобра позиција за потпис на Ван Дајк, кога се во прашање овие три клуба, но и Баерн и Јувентус веруваат дека имаат шанса во борбата за потписот на овој одличен фудбалер.
Но, и некои медиуми од Шпанија тврдат дека Ван Дајк веќе го избрал тимот во кој сака да ја продолжи фудбалската кариера. Тоа е тимот на Барселона со кој наводно „флертува“ со него, но се уште се чека официјален контакт.
Како причина зошто Ван Дајк ја одбрал Барселона, шпанските медиуми го наведуваат фактот дека повеќе од се сака да работи со Ханси Флик во овој клуб.
Ливерпул практично е во трка со времето кога е во прашање Ван Дајк, но и кога се во прашање новите договори за Салах и Александер-Арнолд.
Англичанецот кој е еден од најдобрите десни бекови во светот има понуда од Реал Мадрид и како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во тој клуб. Од друга страна, Салах има понуди од Саудиска Арабија, каде би станал еден од најплатените фудбалери во светот.