Дончиќ после дебито: Бев нервозен, одамна ми се нема случено!

420

Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Јута Џез со 132:113. Тој постигна 14 поени (4/7 за двоен, 1/7 за тројки), со пет скока и четири асистенции.

Словенецот истакна дека долго време бил нервозен пред мечот.

„Уф, многу луѓе“, рече Дончиќ по пристигнувањето на прес-конференцијата:

„Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот во последните неколку натпревари, само мислев дека сакам да играм со нив“, продолжи словенечкиот интернационалец.

Долго време беше на пауза, последниот меч му беше на 25 декември во поразот на Далас од Минесота со 99:105.

“Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар одамна. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на теренот”, беше искрен Лука.

Пред натпреварот Леброн Џејмс му порача да остане тоа што е.

„Тоа што Леброн ќе каже нешто ми дава дополнителна самодоверба. Одлично е да се игра со него. Тој ја гледа играта на друго ниво“, рече Дончиќ.

ПретходноПаладино: Лут сум, топката беше 20 сантиметри надвор од теренот
СледноДинамо едвај против третолигаш во купот на Хрватска