Инзаги: Во Фиорентина имаат право да бидат лути!

323

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги покажа симпатии кон својот колега од Фиорентина, Рафаеле Паладино, кој беше лут на ВАР системот по натпреварот помеѓу двата тима. Дуелот заврши со победа на Интер од 2-1.

Причина за ова беше погрешно досуден корнер во корист на „нероаѕурите“, по што поведоа. И според Инзаги, судиите донеле погрешна одлука во оваа ситуација, но имал забелешки и за досудениот пенал во корист на „виолетовите“.

„Во Фиорентина имаат право да бидат лути. Така се чувствував и по мечот со Леверкузен, во кој тие постигнаа гол од корнер, пред кој имаше офсајд. Не разбрав што се случи, но видов дека имаше одредена тензија. Сепак, го гледав повторувањето на пеналот и мислам дека тој не требаше да се досуди. Го разбирам Паладино, бидејќи топката навистина излезе во аут, но ВАР не може да интервенира во таква ситуација Но, пак велам дека спорен е и пеналот на Дармијан кој беше на половина метар од противникот. Тогаш интервенираше ВАР, но за мене овој пенал не требаше да биде досуден“, изјави Инзаги.

Интер по овој меч има 54 бода, еден помалку од лидерот на табелата во Серија А, Наполи.

ПретходноАртета сфати дека нема повеќе време: Ѕвезда на Ливерпул се сели на „Емирати“
СледноВладимир Мирковски е нов тренер на Војводина, ќе дебитира против Партизан