Брест – ПСЖ 0:3 е исходот од првиот меч од двомечевите во плеј – офорт во Лигата на Шампионите. На мечот кој се одигра во Генгамп, ПСЖ покажа дека е во страшна форма и со оглед на тоа дека реваншот за осум дена се игра во Париз, јасно е дека четата на стратегот Луис Енрике е на чекор доп 1/8 финалето во ова натпреварување.
Усман Дембеле одново покажа и докажа дека во моментов е еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во светот. Одигра фантастично и со два гола во мрежата на Брест просто ги расплака домашните фанови кои очекуваа чудо. Треба да се знае дека ПСЖ во некои моменти имаше и среќа, имено домашните во три наврати ја погодија стативата на голманот на гостите, Донарума.
Витиња во 21.минута од пенал донесе водство од 0:1. По асистенцијата на Хакими, Дембеле во 45.минута го удвои водството. И тоа беше се од Дембеле кој во 66.минута ги постави конечните 0:3 за ПСЖ.
Лошо за ПСЖ е тоа што во следната фаза за ривал ќе ги има Барселона или Ливерпул.