“Овој Јунајтед на Аморим следната сезона може да испадне од Премиерлигата!“

347

Пол Сколс е легенда на Манчестер Јунајтед. Беше еден од клучните играчи на тимот од “Олд Трафорд“ во времето на Алекс Фергусон. И токму затоа секој негов збор се мери и премерува, посебно кога се однесува за неговиот поранешен клуб.

Сколс сега беше брутално искрен за играта и за тимот под водство на Рубен Аморим.

Има неколку работи што ме загрижуваат. Има некои работи што Аморим мора да ги направо во летниот преоден рок. Имено јас не гледам дека овој тим има јадро, костур што се вели. Сите големи тимови го имаат тоа, но не и овој Јунајтед на Аморим кој ако не направи конкретни потези стравувам дека овој Манчестер Јунајтед следната сезона ќе испадне од Премиерлигата“ посочи легендарниот Сколс.

ПретходноЕвролигата со 20 екипи и поделена на две дивизии?!
СледноЛШ: На “Итихад“ Реал покажа кој е КРАЛОТ! И Јуве и Дортмунд со победи! (ВИДЕО)