Гевгелија од 13-15 февруари ќе биде во центарот на вниманието. Овој град ќе биде домаќин на Купот на Македонија која го носи името на легендата „Благоја Георгиевски – Бутшур“.
Од КФМ ги открија последните детали за натпреварувањето каде бранителот на пехарот е МЗТ Скопје, а за првпат во историјата во четвртфиналето ќе гледаме пресметка меѓу вечните ривали, овој дуел е закажан во 20:30 часот.
Први Купот на Македонија ќе го отворат ТФТ и Гостивар (13 часот), после нив следува мечот меѓу Пелистер и Чаир (15:30 часот), додека пак Куманово и домаќинот Кожув ќе играат во 18 часот. Сите мечеви се играат во салата „26 април“ во Гевгелија.
Полуфиналните битки се од 18 часот и 20:30 часот, додека финалето во машка конкуренција е во 19:30 часот.
Во женска конкуренција, полуфиналните битки се закажани во 13 и 15:30 часот (сабота), додека финалето е следниот ден во 17 часот.