Гвардиола: Ја превземам одговорноста иако не е само до мене!

196

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше измешани чувства по поразот од Реал Мадрид со 3-2 во плеј-офот од Лигата на шампионите. Од една страна е лут што неговиот тим првпат води сезонава, но дозволува пресврт. Од друга страна, пак, ја призна поголемата класа на противникот и изјави дека не може да им се лути на играчите.

Гвардиола ја презеде одговорноста по натпреварот, но нагласи дека тоа го делат сите во тимот.

“Резултатот е таков каков што е. Направивме многу добри работи, но секогаш има прашања кога резултатот е ваков. Повторно водевме, но уште еднаш дозволивме да се излизне. Ова се случува премногу пати – против Спортинг, Манчестер Јунајтед, Брентфорд. Загубивме премногу натпревари, не е прв пат. На ова ниво секогаш е тешко

Ги знам квалитетите на тимот на Реал Мадрид. Во вториот дел ја контролиравме играта, но сакавме да нападнеме пребрзо. Ова се случи бидејќи Реал е извонреден тим. Лошите одлуки ја направија разликата. Јас ја преземам вината, иако не сум само јас, сите сме виновни. Повредите не мачат цела сезона и сите го знаат тоа“, рече Пеп.

ПретходноКевин Дурент стана осмиот играч во НБА-лига со над 30.000 поени (ВИДЕО)
СледноХаланд од крајност во крајност: Од еден играч барал дрес, на друг му се заканил!